Членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески и Влатко Ѓорчев беа во посета на Тетово.
За време на своето обраќање професорот Славески истакна дека економските политики на владата на Заев очигледно не даваат резултати.
“ВМРО-ДПМНЕ подготвува сериозна програма во која приоритет ќе имаат економијата, инвестициите и животниот стандард”, подвлече Славески.
Влатко Ѓорчев во своето обраќање истака:
“Забрзано паѓа рејтингот на Владата на Заев, а расте довербата кон Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Тоа значи дека мораме да бидеме подготвени да ја преземеме одговорноста и мораме да ја вратиме надежта во Македонија”.
-Довербата на народот и растечкиот рејтинг ја прави ВМРО-ДПМНЕ водечка партија во Македонија. Силното и снажно ВМРО-ДПМНЕ, со солиден коалиционен потенцијал, во следниоте години повторно ќе биде централната политичка сила во државата, додаде Ѓорчев.
-Очигледно дека Владата на Заев ја нема поддршката од народот. Затоа треба забрзано и секојдневно да се подготвуваме за следните избори. Треба да допреме до секое село, до секој град, затоа што секој човек е важен, заклучи Ѓорчев.
На крајот, Ѓорчев и Славески на присутните им ја честитаа Новата година, со желби за здравје и успех.