сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорѓиевски: Дали градоначалникот Темелковски дозволува нова дивоградба во Кисела Вода и екстра профит од 1,7 милиони евра?

Ѓорѓиевски: Дали градоначалникот Темелковски дозволува нова дивоградба во Кисела Вода и екстра профит од 1,7 милиони евра?

Урбаното насилство во Кисела Вода излегува целосно од контрола. Градоначалникот Темелковски мижи пред бетонизацијата на Кисела Вода и не само што мижи, туку постои основан сомнеж дека истиот кумува на тоа, обвинува Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од неговата прес-конференција:

Денес сме пред еден објект спорен кој никнува во срцето на нашата општина. Никој не знае дали овој објект се гради согласно постоечкиот Детален урбанистички план. Имено согласно важечкиот ДУП на ова место е зацртана градежна парцела од 512 м2, а според новиот предлог ДУП тука се предвидува градежна парцела од 682 м2 или дополнителни 170 м2 во основа на овој објект. Сомнежот е дека овој објект се гради согласно предлог ДУП-от иако истиот не е донесен. Според логиката до донесување на измени на ДУП-от, на сила е постојниот и никој не смее да гради поинаку од зацртаното.

Повикуваме Темелковски и Општината Кисела Вода да одговорат според кој ДУП се гради овој објект зад мене?

Дали Темелковски дозволил овој објект да се гради на основ на предлог ДУП-от, наместо на важечкиот?

Само за информација согласно постоечкиот ДУП на оваа градежна парцела е предвидена изградба на вкупна станбена површина од 4.480 м2, а согласно предлог ДУП-от кој се уште не е изгласан потенцирам, а со тоа не е и на сила, се предвидува вкупна станбена површина да биде поголема за скоро 1.700 м2 односно да изнесува 6.136 м2. Дали Темелковски надвор од законот дозволил некој да изгради дополнителни 1.700 м2 кои согласно пазарните цени може да донесат 1.7 милиони евра екстра заработка за инвеститорот кој што гради зад нас?

Граѓаните основано се сомневаат дека во Кисела Вода никнува нова дивоградба. Темелковски е должен да даде одговори, во спротивно неговиот молк ќе ги потврди сите сомнежи дека овозможил некој надвор од прописите да заработи 1.7 милиони евра.

Најнови вести