вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Граѓаните се собираат- Протест пред Собранието поради законот за јазиците

Граѓаните се собираат- Протест пред Собранието поради законот за јазиците

Пред Собранието на Република Македонија попладнево се собрани граѓани кои протестираат против донесувањето на законот за употреба на јазиците.

Продолжението на 32. собраниска седница, на која е третото читање на законот и над 35.000 амандмани поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, е закажана за 13 часот.

Улицата пред Собранието попладнево е затворена за сообраќај.

Пред Собранието, исто така, има видливо полициско обезбедување, како и многубројни екипи на медиумите.

Извор: МИА

Најнови вести