Досегашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски беше прогласен за почесен претседател на партијата на Конгресот кој што се одржува во Валандово.
На конгресот кој се одржа денеска во Валандово досегашниот претседател на партијата, Никола Груевски, беше прогласен за почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова се должи, според партијата, на фактот што тој донесе десет последователни изборни победи за ВМРО-ДМПНЕ, како и на значајниот напредок кој партијата го забележа во однос на бројот на членството и финансиската моќ.
На Груевски му беше доделена и плакета за благодарност за неговата работа во партијата.