Тепањето во парламентот од одредени поединци поведени од емоции и патриотски чуства на 27ми април беше голема грешка, иако беше директно и обмислено испровоцирано од владејачките партии и нивните позадински подржувачи, рече Никола Груевски во обраќањето пред делегатите.
-Неслучајно јас таа ноќ имав толку остра прес конференција. Знаев што следува, знаев дека прстот ќе се впери кон ВМРО, и дека со тој чин ќе се создаде перцепција во која најголем губитник ќе биде токму ВМРО-ДПМНЕ, и се разбира граѓаните кои наседнаа на стапицата. Жалам што некои од нашите подржувачи ги погоди тоа мое обраќање, но некој мораше да истури кофа со ладна вода, и да ја каже вистината во тој момент колку и тоа да изгледаше брутално и безчуствително. Сите ние ги подржувавме мирните протести на еден или на друг начин, тие беа од корист за Македонија, тие беа оправдани, и со патриотски карактер, а не шовинистички, но кога толпата луѓе ќе почне самата да води политика водена од емоции, се прават кардинални грешки. Затоа постојат водачи и тие треба да се следат од толпата а не таа по емоции да крои политика, рече Груевски.
Но, сега сме сведоци на политичка осветољубивост од невидени размери, рече Груевски, и кон тие кои тепале со давање на несоодветни квалификации за тероризам или обид за убиство, и кон тие кои никого неповредиле.
-Основната цел на оваа операција, и на дејствувањето на СЈО, на ОЈО и полицијата е слабеење на ВМРО-ДПМНЕ и негово ослабнување, а со тоа и намалување на влијанието на партијата. Крајната цел, всушност е разбивање, поделба или силно ослабнување на ВМРО со цел кршење на националниот дух на македонците и намалување на национлниот елемент и заштита во политичкиот живот во Македонија. Создавање држава на граѓани а не на макеонски народ и на делови од други народи како што стои во уставот. Тоа ќе значи постепено исчезнување на македонската нација, бидејки македонците како нација немаат втора држава. Затоа овие напади и хајки, политичко судски прогони, кои досега се против над 170 луѓе, и веројатно ќе расте на над 250 треба да се сфати многу сериозно, а не како проблем на индивидуалци, изјави Груевски.