Покрај низата високи партиски членово и екс-функционери, незадоволство од министрите на ДУИ изрази и градоначалникот на Кичево од редовите на оваа партија, Фатмир Дехари.
Тој упати јавни критики поради одолговлекувањето на изградбата на кичевската болница, но и поради застојот на автопатот Кичево-Охрид.
Говорејќи на овие теми во емисија на МТВ 2, Дехари го спомена и министерот за економија Крешник Бектеши, кој доаѓа токму од Кичево. Според кичевскиот градоначалник, Бектеши треба да биде, како што вели, погласен во насока на реализација на овие проекти.