вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

И Спасовски на час: Во ек на битка со коронавирусот СДСМ собира непримерни политички поени врз грбот на децата (ФОТО)

И Спасовски на час: Во ек на битка со коронавирусот СДСМ собира непримерни политички поени врз грбот на децата (ФОТО)

Техничкиот премиер Оливер Спасовски, заедно со министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска гостуваше во образовната емисија „ТВ Училница“, која од 16 март секој работен ден се прикажува на Македонската радио-телевизија.

Граѓаните, по ова појавување на Спасовски, реагираат дека СДСМ не престанува да тера политика врз грбот на најмладите.

И во ек на битка со коронавирусот, Спасовски и СДСМ се обидуваат да соберат непримерни политички поени.

Жално е што популизам и злоупотреба на деца се прави и во време на вонредна состојба. Политиката мора да биде тргната од грбот на најмладите и најранливите.

Ги следи ли Спаовски стапките на неговиот лидер Зоран Заев, кој во вчерашното интервју во една реченица наводно се залага за прекин на поулизмот, за да во сопствен, надалеку познат манир, веќе во следната реченица се демантира себеси и шири популизам и продава демагогија. Тој за Националниот сервис (кому му го променија името од Македонска радио телевизија во „Национален сервис“), изјави:

„Мора да се поставиме посериозно , затоа што ова не  е кампања и не се избори, ова е скриен непријател наречен коронавирус и е заеднички за сите и не смееме да правиме политички поени од тоа. Затоа што граѓаните знаат да препознаат и нивното мислење ке ни го соопштат зад параванот кога ќе гласаат.“

Веќе следниот ден, Спасовки го следеше беспоговорно популизмот на Заев, овојпат влетувајќи непримерно во програма наменета за деца.

„Очигледно, Оливер редовно бегал од часови по Етика…“ беше еден од коментарите на граѓаните на социјалните мрежи.

Најнови вести