сабота, 2. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

И Спасовски на страната на Заев: Наместо животот на граѓаните, го одбра датумот за изборите кој за него е завршена работа!

И Спасовски на страната на Заев: Наместо животот на граѓаните, го одбра датумот за изборите кој за него е завршена работа!

Датумот за изборите е завршена тема за Владата, порача преку Фејсбук премиерот Оливер Спасовски.

– Неодговорно е државата да ја оставиме без парламент, со преодна Влада и со опозиција која е настроена деструктивно и само гледа да заработи некаков политички поен на сметка на кризата и на ризиците на кои се изложени граѓаните, пишува Спасовски.

Со ова Спасовски само уште еднашка потврди дека наместо животот на граѓаните поважни му се изборите за кои Заев цело време во ек на пандемија говори дека мора да се одржат.

Инаку утрово и ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение потенцира дека избори не се возможни во ваква ситуација на ново заболени лица во нашата земја.

Што е ненормално, доколу десетици починати и стотици заразени е секојдневниот биланс за кој Заев не убедува дека е нормален? Колкумина треба да се заразат и починат за Заев и СДСМ да признаат дека се неспособни и дека ова што ни се случува е катастрофа, ова денеска преку соопштение до јавноста го прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев и СДСМ наместо за здравјето и животите на граѓаните се водат само од партискиот интерес и желбата да го ублажат изборниот пораз со избори на 5-ти јули. Во последното деноноќие во Македонија има 175 нови заразени и 5 починати, а СДСМ и Заев продолжуваат да зборуваат за итни избори. За само 10 дена има 1316 нови заразени и 36 починати, а Заев и СДСМ уште калкулираат како да се спаси неговата политичка кариера. Ова е спротивно на секоја логика.
Македонија станува балканска Ломбардија со рекорден број заразени и починати на еден милион жители. Македонија поради политикантството на Заев е земја која најлошо се справува со корона епидемијата во Европа. Заев прогласува нова лажна нормалност која граѓаните скапо ја плаќаат. Во услови кога СДСМ беше корона кластер со заболени и самоизолирани функционери тој водеше кампањи и средби со граѓани и на тој начин во опасност ги ставија стотици граѓани и семејства. Тоа јасно покажува дека власта на Заев е неодговорна и неспособна, потенцираат од партијата.

Во партиското соопштение тие додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Ние сметаме дека сега врвен приоритет е животот и здравјето на граѓаните. Откако Македонија ќе се справи со епидемијата со корона вирус, народот ќе го порази и тригодишниот хибриден режим на Заев кој донесе криминал, корупција и сиромаштија за народот.

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски во изјава за Инфомакс потенцираше дека за 22 дена не е возможно да се организираат предвремени парламентарни избори.

-Јас можам само да го повторам ставот на Комисијата кој го доставивме до претседателот на државата каде што јасно кажавме дека за некој 22 дена кои постојано се споменуваат низ медиумите, а никаде не ги пишува не е возможно да се организираат избори, а посебно во услови на ваквата пандемиска криза каде што гледаме дека се заостструва секој ден таа криза и каде што е јасно дека и на Комисијата ќе и треба повеќе време и ресурси за организација на тие избори, вели тој.

Покрај техничките аспекти, легалните аспекти како ажурирањето на избирачкиот список проблем е издравствениот аспект потенцираше тој. Деркоски посочува дека дека ДИК се уште нема добиено официјален здравствен протокол за денот на изборите и водењето на кампањата.

-Јасно е дека освен легалниот аспект, ажурирање на избирачкиот список, активно, пасивно избираќко право кое треба да се заштити односно да им се даде можност на граѓани9те да имаат правна заштита тука и здравствениот аспект за кој е потребно време. Ние можеме да направиме напори да обезбедиме организација на тие избори и го правиме тоа меѓутоа се уште не сме добиле официјален протокол од здравствените власти за денот на изборите, деновите пред тоа и после тоа, вели Деркоски.

35 илјади вработени во јавната администрација си изложени на ризик, изјава на претседателот на ДИК, Оливер Деркоски

Gepostet von infomax.mk am Freitag, 12. Juni 2020

 

Најнови вести