петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Игор Николов го повикува Филипче на дебата: Ајде да видиме какви мерки и подобрување на здравствениот систем направивте последниве 3 години

Игор Николов го повикува Филипче на дебата: Ајде да видиме какви мерки и подобрување на здравствениот систем направивте последниве 3 години

Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ денеска на својот Фејсбук профил објави статус во кој го повикува Венко Филипче да излезе на дуел.

-Ајде Министре Венко Филипче излезете на дуел, па да поразговараме за какви тоа мерки и подобрувања на здравствениот систем му направивте последниве 3 години.!

Да објасните како се уште немаме ниту проект ниту план за нов клинички центар, а стариот го запустивте да се распаѓа.

Да ми објасните, како го надградивте МојТермин во ВицеТермин, и зошто пациентите и граѓаните не можат да добијат термини?

Да ми објасните, како тоа инвестирате во хуманиот капитал, а луѓето ги делите според проценти кои Вас ви паѓаат од ракав, некому 25%, некому 20%, некому 5%, во зависност од тоа како Вас ви теклано. И како тоа во до Октомври 2019 година, заминале најмногу доктори од сите последни 10 години до сега.

Да ми објасните, дали и Општа Градска Болница 8ми Септември, сакате да ја претворите во ЈПП, дали по примерот на детската кардиохуиргија???

Да ми објасните, и покажете кои се тие специјалисти што земаат 100 илјади денари плата?

Да ми објасните, каде го паркирате министерскиот автомобил во кругот на Клиниките Мајка Тереза.

Имате многу работи да објасните Министре, многу…, стои во неговиот статус на Фејсбук.

Најнови вести