Еден од водачите на протестот на граѓанска иницијатива „За Заедничка Македонија“ Богдан Илиевски постојано бараше во име на народот да не се прифати Тиранската платформа која има за цел да ја редефинира државата.
Илиевски потсетуваше дека Платформата која е направена во друга држава удира врз фундаментот на Македонија и има за цел да ја редефинира и да ги промени знамето, химната и грбот на државата.
-На 10 ден по ред. Се повеќе и повеќе 100 илјади луѓе секој ден на улиците на Македонија. А доказ дека сме на правата страна и дека ја зборуваме вистината дојде вчера. Вчера дојде уште една потврда дека намерата да Платформата во Тирана е да ја редефинира Македонија. Целта е за промена на знамето, химната и грбот на државата. Нема да им помине. Целта им е да ги сменат парите и да се воведе двојазични денари кои се фундаментот на една држава. Нема да им помине. Целта им е да воведат двојазичност и засекогаш да ја изменат Македонија. Нема да им помине. Тиранската платформа удира по фундаментот на оваа држава. Удира по суштината на Република Македонија. Македонија како заедничка држава за сите нејзини граѓани без оглед дали се Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби и Бошњаци. Заедничка Македонија ќе победи на крај на денот. Вие сте доказ за тоа. И на 8ми Март, и на дожд и на ладно време потенцираше Илиевски.