АД ЕСМ вчера произведе 16.679 мегават часови електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, информираат од Владата.
При тоа, како што нагласуваат, во Термоелектраните се произведени 10.949, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 5.730 мегават часови.
-Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 1.500 мегават часови електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата, посочуваат од Владата.