Основниот суд Скопје 1 Скопје денес ги изрече пресудите во случајот „Труст“.
Бизнисменот Сеад Кочан доби шест години затвор и забрана во времетраење од три години да биде управител и одговорно, додека Василије Авировиќ доби затворска казна од три години
Судијката Лидија Трајковска Зимбовска додаде дека фирмите „Силекс Неметали“ и „Трансмет“ одговорни за кривичното дело треба да платат 2 милиони денари, кои треба да ги платат во рок од 30 дена од правосилност.
Третиот обвинет, Сафет Ватиќ во случајот беше ослободен.