среда, 20. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јанушев: За македонскиот јазик и за Гоце Делчев нема преговарања!

Јанушев: За македонскиот јазик и за Гоце Делчев нема преговарања!

Преговори за македонскиот јазик, за нашиот мајчин јазик, за Гоце Делчев и сите оние луѓе кои што го дале животот за ние денеска да имаме држава, е тотално неприфатливо и под никои услови и никогаш ние тоа нема да го прифатиме, вели носителот на листа на изборната единица 3 и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во вечерашното гостување во емисија на Македонската телевизија.

-Гоце Делчев е Македонец и не може да биде ништо повеќе или помалку од тоа, посочи Јанушев.

Јанушев нагласи дека граѓаните не се борат само против коронавирусот, туку како што рече тој, ние се бориме против два вируси, а поголем од корона вирусот е вирусот на криминалот и корупцијата на Зоран Заев и СДСМ.

-Ние се бориме против два вируси, едниот е корона, а вториот е многу поголем од корона а тоа е криминалот и корупцијата на Заев и тие околу него и СДСМ, рече Јанушев.

Најнови вести