Новинарката Јорданка Ивановска Јоци го поставува прашањето дали видеото од протестите пред домот на пратеничката Фросина Ременски не е дело на уфрлен полицаец или провокатор со цел граѓаните кои што протестираат за Законот за употреба на јазици да се испровоцираат да предизвикаат поголем инцидент.
-Можеби е време Фросина Ременски да и’ соопшти на јавноста кој ја направи снимката на протестот пред нејзината куќа, со оглед на тоа дека таа беше внатре, а надвор ја чуваа 60 полицајци. Онаа снимка која ја објави, а на која се гледаат униформи, значи е меѓу луѓето надвор. Полицаец? Провокант? И дали тој “некој” не учествувал ем во снимање, ем во недолични извици. А, како да знаеме дали провоканти не извикуваат било што, пишува таа.
Дополнително Ивановска и реплицира на Уранија Пировска, директорот на Хелсиншкиот Комитет, која се обидува да не направи паралела помеѓу денешните протести пред домовите на пратениците на СДСМ и протестите кои пред две години СДСМ и Шарената револуција ги правеа пред домот на тогашниот премиер Никола Груевски.
Ивановска лично посведочи дека на протестите пред две години биле изрекувани навреди и недолични изјави, кои очигледно не им пречеле тогаш на СДСМ и на ликови како Уранија Пировска.
-Еве, Уранија, не чула како на протестите против Груевски имаше извици “Грујо, пе*еру”, “Грујо диктаторче”, на пример, и ред други недолични извици, својствени за протести. Додуша и по колумни, како “стоки”. Добро, Уранија, не ти е срам од луѓе кои беа дел од тие протести да ги убедуваш дека биле фини и воспитани? Бевме дел од нив. А, на луѓето во шаторите пред Влада не ти текнува како секоја вечер пцуеја и викаа погрдно во 3 по полноќ, пијани, па луѓе одозгора ги маваа со што стасаат, напиша таа.
Ивановска ја обвини власта дека со притисокот и заканите на полицискиот апарат упатени кон незадоволните граѓани кои протестираат само ќе придонесат кон “зовривање на лонецот“ и дека репресалиите и кривичните пријави нема ништо да спречат.