„Вељаноски воопшто нема комуникација со обвинетиот Владимир Атанасовски, ниту со Никола Бошкоски. Триесет илјади пораки беа извадени од мобилниот на Вељаноски, ниедна комуникација нема со овие двајца. Вељаноски и Јанакиески во овој критичен период, немаат апсолутно никаква комуникација. Тоа се виде и од листинзите од телефонот на Јанакиески”.
Ова денеска во Основниот кривичен суд Скопје како завршни зборови го истакна Еленко Миланов, адвокатот на обвинетите Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески и Спире Ристовски.
Тој истакна дека обвинението не може да се потврди.
-Обвинителство сака да ве убеди дека бил загрозен уставниот поредок, но ајде сега да се вратиме пред инкриминираниот дел од обвинението, односно почетокот на 2017 година па заклучно со 27 април. Уставниот поредок во тој период е парламентарна демократија и уставниот поредок после 27-ми април е исто така парламентарна демократија. Истата оваа одредба ги предвидува и дејствијата со кои некој можел да го загрози уставниот поредок , а како дејствие се наведуваат предизвикување или закана со експлозија, пожар или друго опасно дејствие, а ништо таквво не се ни става на товар на било кој од обвинетите во оваа постапка. Тоа што треба да се стави на товар е акт на насилство, рече Миланов.
Миланов истакна дека од 30.000 пораки од Велјановски, воопшто нема комуникација меѓу него и Атанасовски, Бошковски и Јанакиевски.
-Од ниту еден сведок од обвинителството не слушнавме дека Трајко Вељаноски имал комуникација со Владимир Атанасовски и Никола Бошковски. Во овој период Велјановски нема апсолутно никаква комуникација со Миле Јанакиевски. Додека, има шест пораки меѓу него и обвинетиот Спиро Ристоски, кој во тоа време бил министер за образование, рече Миланов.
Од сите изнесени докази, и вербални и материјални, нагласи Миланов, само се потврди дека Трајко Вељаноски конститутивната седница во Собранието ја водел строго според Деловникот.
Миланов истакна дека е бесмислено што обвинителството тврди дека е нарушен уставниот поредок, но не и дека е нарушена безбедноста на земјата што никаде не се споменува.
-Обвинителството сака да го увери судот дека бил нарушен уставниот поредок на земјата. Уставниот поредок на земјата и пред и после 27 април е парламентарна демократија. Нема никаков навод дека тоа тоа е променето. Ниту еден услов не е исполнет дека обвинетите го сториле кривичното дело за кое се теретат. Трајко Вељаноски немал никаква комуникација со Владимир Атанасовски и Никола Бошковски. Исто така Вељаноски и Јанакиески немале никаква комуникација во критичниот период. Немало комуникација, тоа е јасно. И сега тие треба да бидете убедени дека постои некаков план, праша Миланов.