вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Каква е состојбата низ македонските патишта?

Каква е состојбата низ македонските патишта?

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

Друштво Асфалт ДООЕЛ Скопје, известува дека поради изведување на градежни работи за изградба на електронски системи за наплата на наплатна станица Гевгелија во период од 18.03.2019 до 18.09.2019 на магистрален пат А1, делница Демир Капија – Гевгелија и обратно, сообраќајот ке се одвива согласно Одобрението за времен режим.

Од 08.04.2019 до 11.04.2019 се изведуваат градежни активности за поставување на индуктивни јамки на Автопатот А1, делница Миладиновци – Куманово (стара наплатна станица Романовце) за што има промена на режимот на сообраќај.

Aвтопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Патниот правец Р2332 Охрид-Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), од 15.11.2018 е затворен за сообраќај за сите видови возила. Се очекува да биде отворен на 01.05.2019 год.

РАБОТИ НА ПАТ:

Поради изведување на градежни работи (рехабилитација на асфалтот) на патниот правец А2 Кичево – Охрид (помеѓу планинскиот премин Пресека и с.Песочан) од 02.04.2019 сообраќајот се одвива под посебен режим т.е. преминување од една во друга коловозна лента. На местата на изведување на работите има соодветна сообраќајна сигнализација.

Ескаватори Мк известуваат дека поради рехабилитација на регионален пат Р1204, делница Куманово – Свети Николе Л=32 км од 28.03.2019 година има одобрен времен режим на сообраќај.

Од 21.03.2019 на регионалниот патен правец Р1103 Неготино – Лакавица се извршуваат работи на пат, реконструкција на мост на река Вардар кај с. Пепелиште. Сообраќајот се пренасочува по земјениот пат с. Пепелиште – Криволак за возила со вкупна тежина до 7,5 тони. На самото место e поставена соодветна вертикална сообраќајна сигнализација. Овој сообраќаен режим ќе трае до завршување на градежните активности.

Од 04.04.2019 година поради оштетување на мостот во с. Ваташа на регионалниот пат Кавадарци – с. Мрежичко воведена е забрана за ТМВ.

Г. П. Илинден – Струга известува дека од 16.02.2019 (сабота) поради изведување на градежни работи на пат, регионалниот патен правец Р1208 Охрид – Струга, на делот од с. Подмоље до Еврохотел – Струга, ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила  до завршување на градежните работи. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Виадукт трејд од 05.03.2019 изведува градежни работни активности за времен режим на сообраќај во времетраење од 4 месеци (120 дена), на потег од бензиска пумпа Мак Петрол на улица ЈНА по крстосница со пат за с. Вруток, Општина Гостивар.

Г.П. Илинден – Струга известува дека од 02.03.2019 изведува градежни работи на пат на регионалниот патен правец Охрид – Свети Наум, во делот булевар Туристичка во должина од 3,5 км. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација

Од 08.02.2019 година на патниот правец А4 Скопје – Петровец и обратно, поточно на патниот јазол Петровец, извршена е трајна измена на режимот на сообраќај на тој начин што е затворен исклучокот од автопатот Скопје – Велес, кој води кон с. Петровец, а се наоѓа пред н. с. Петровец и истиот е поместен по н. с. Петровец. Oд патниот правец Велес – Скопје исклучокот за с. Петровец е поместен пред н. с. Петровец, а затворен е исклучокот кој се наоѓа по н. с. Петровец .

Oд 21.05.2018 година, започна изградбата на Експрес пат А4, Штип – Радовиш, на следниот потег: клучка Штип југ (Софилари)- Бучим (км 5+000 до км 28+560) согласно Договор бр. 001-ЕБРД/17.

Ги молиме сите учесници во сообраќајот за внимателно движење на овој потег, прилагодување на брзината и почитување на поставената времена сообраќајна сигнализација поради започнувањето и преземањето на градежни активности, порачуваат од АМСМ.

Најнови вести