Универзитетскиот професор Тања Каракамишева преку статус на Фејсбук пишува дека финансискиот извештај на СДС што го поднеле за примени донации за изборната кампања од почетокот до крајот на 10-иот ден од кампањата е вистинско мајтапење со сите граѓани.
-Одете на страната на ДКСК dksk.mk и видете го финансискиот извештај што СДС го поднел за примени донации за изборната кампања од почетокот до крајот на 10-от ден од кампањата.
Приходи на донации во пари 36.000 ден.
Вкупни приходи за кампања 96.000 денари?!
Приходи од донации во ствари и услуги 60.000 денари?
МАЈТАПЕЊЕ СО СИТЕ НАС БЕЗ УСУЛ!, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.
Одете на страната на ДКСК dksk.mk и видете го финансискиот извештај што СДС го поднел за примени донации за изборната…
Posted by Тања Каракамишева on Thursday, July 9, 2020