петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Каракамишева: Сега е момент да ги испратиме Заев и хунтата во политичката историја со утврдена кривична и политичка одговорност

Каракамишева: Сега е момент да ги испратиме Заев и хунтата во политичката историја со утврдена кривична и политичка одговорност

Професорката Тања Каракамишева на социјалните мрежи пишува дека сега е моментот Заев и соработниците да бидат испратени во политичка историја.

-Ајде да ги испратиме Заев и хунтата во политичката историја со утврдена кривична и политичка одговорност! Сега е моментот за тоа!

Ајде да им покажеме како се штитат националните и државните интереси со кренати глави и со национално достоинство!

Ајде да ги научиме како се решаваат проблемите, како се негуваат пријателски односи со достоинство и национален интегритет, како се развива економијата, како се почитува правната држава!

Ајде да им ја покажеме вратата од Владата и од Собранието за никогаш повеќе да не им текне да бидат власт!

Да се биде власт не е само да се користат привилегиите и да ги задолжуваш крвнички наредните генерации!

Да се биде власт е саможртва за Татковината и за нејзиниот напредок.

Тоа СДС никогаш не го разбра, ниту кога било ќе го разбере.

Државата не е средство за водење бизнис на Вице и Зоран, не е гранапче на Анѓушев, не е пазар на Митко, не е кванташки пазар на ситни препродавачи.

МАКЕДОНИЈА Е НАША ГОРДОСТ ВО КОЈА ВРЕДИ ДА СЕ ВЛОЖУВА, ИНВЕСТИРА, НАПРЕДУВА ЗА ДОБРОТО НА СИТЕ! МАКЕДОНИЈА Е НАШЕТО СЕМЕЈСТВО, пишува Каракамишева на Фејсбук.

Најнови вести