Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-На територијата на Центар изречени се вкупно 123 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13, 11 за некористење сигурносен појас, 8 санкции за управување возило под дејство на алкохол, 7 за нерегистрирани возила, 5 мерки за технички неисправни возила за јавен превоз. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од МВР.