среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Казнети 254 возачи за брзо возење

Казнети 254 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден во спроведената зајакната акциска контрола на територијата на државата за возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, се санкционирани 254 возачи, информира МВР.

– Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 138 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 116 надвор од населено место, известуваат од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од Министерството.

Најнови вести