Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 381 меркa, меѓу кои 44 за возење без возачка дозвола, 30 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 26 мерки за користење на мобилен телефон при управување на возило. Изречени се 9 мерки за минување на затворен семафор (црвено светло), 72 мерки за непрописно паркирање и 51 возило се подигнати со „пајак“. За неносење на заштитна маска изречени се 71 санкција. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.