Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 396 мерки, меѓу кои 46 за возење без возачка дозвола, 27 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 20 мерки за недавање првенство на пешаци. Изречени се 14 санкции за користење на мобилен телефон и 49 мерки на прекршоци направени од пешаци. За непрописно паркирање изречени се 87 мерки, а изречени се 54 мерки за неносење на заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.