четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Казни за 334 возачи во Скопје

Казни за 334 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 334 мерки, меѓу кои 32 за возење без возачка дозвола, 26 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 37 мерки за користење на мобилен телефон, 4 санкции за управување под дејство на алкохол. Изречени се 6 мерки за минување на затворен семафор (црвено светло), 20 санкционирани пешаци, 64 мерки за непрописно паркирање и 43 подигнати возила со „пајак“, а за неносење на заштитна маска изречени се 18 санкции. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.

Најнови вести