понеделник, 8. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Ќе покрене ли ОЈО обвинение за лажно пријавување против Царовска?

Ќе покрене ли ОЈО обвинение за лажно пријавување против Царовска?

Ќе покрене ли Јавното обвинителство обвинение за лажно пријавување против министерката Мила Царовска за скандалот за проневера на десетици милиони евра од ПИОМ, откако ОЈО вчера утврди дека немало проневера?

Царовска во јануари годинава изјави дека сторени се неправилности во функционирањето на вториот пензиски столб, односно дека на 12.000 осигуреници на ПИОМ, повеќе години не им биле префрлани средствата во вториот столб, со што секој од нив поединечно изгубил околу 400 илјади денари, при што беше и поднесена пријава против непознат сторител.

ОЈО во текот на вчерашниот ден донесе одлука дека нема место за постапување во поглед на кривичната пријава поднесена од Министерството за труд и социјална политика и дека не е констатирана штета на Буџетот на државата.

Според Член 366 од Кривичниот законик, тој што ќе пријави друг дека сторил кривично дело за кое гонењето се презема по службена должност, а знае дека не е сторител се казнува со казна затвор од три месеци до три години.

Дали ОЈО откако одлучи дека нема место за постапување и нема штета во ПИОМ, сега ќе се одважи, ќе постапи според законот и ќе поднесе обвинение против министерката Царовска?

Скандалот со ПИОМ предизвика кавга помеѓу Царовска и ДУИ чии кадри повеќе од 10 години раководат со фондот. Лидерот на партијата, Али Ахмети изјави дека таквите обвинувања ги сфатиле како војна против ДУИ и нанесување политичка штета, додека пак Бујар Османи изјавата ја нарече несреќна и се закани со тужби за сите кои случајот ќе го поврзат со партијата.

Подоцна откако Царовска сведочеше во ОЈО се обиде да ја смири ситуацијата при што во нејзиното гостување во емисијата „360 степени“ дека скандалот со пензиите е системска грешка, но кривичната сепак не беше повлечена.

Најнови вести