недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Колумна на Жаклина Пешевска: Чиј бил Гоце Делчев?

Колумна на Жаклина Пешевска: Чиј бил Гоце Делчев?

Последниот период гледаме, слушаме и читаме како “случајно” го отвораат прашањето чив бил Гоце Делев? Да, тоа е најновото прашање на кое го бараат одговор. Да, откако добивме “загарантиран – бетон” идентитет, сменето име сега очигледно му дојде редот да го решат онака како што знаат и Гоце Делчев. Мудрите кажале: политиката е за политичарите а историјата за историчарите. Па од тука сакам да запрашам: Кој тоа Ви даде право да воопшто помислувате да отварате прашање дали Гоце Делчев бил Бугарин или Македонец? А лудоста да е поголема формирани се комисии со два-тројца луѓе, седнати на тркалезна маса кој одлучуваат што биле Гоце Делчев, Кирил и Методиј, Цар Самоил… па се прашувам дали можеби за месец, два или пак година нема да Ви текне и да не прекрстувате, да ни кажете кој се нашите мајка и татко, од каде потекнуваме или пак кој сме. И да ако сето она што во минатото ни го кажуваа кога ги склучуваа договорите за добрососедство по само една година на дело се покажува дека не е така. Кога се потпиша договорот со Бугарија како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ со денови се боревме да се оддржи собраниска седница за да добиеме одговори на многу прашања, луѓето од власта не убедуваа дека со договорот се затвараат сите отворени прашања и дека како држава од Бугарија ќе имаме безусловна поддршка на нашиот пат кон Европската унија за пред неколку денови да во јавноста видиме документ во кој јасно стои барањето на Бугарија да заборавиме на македонскиот јазик, со ова за жал уште еднаш се докажа она што во минатото го зборувавме дека договорите кој ги склучи власта на СДСМ се штетни за Македонија и тие не ги затвараат туку напротив отвараат нови прашања чии одговори одат единствено на штета на Македонија.

Гоце Делчев бил, е и за навек ќе остане македонец, тоа е така и ќе биде така се додека постои и последниот македонец кој си ја сака својата држава бидејќи држава која нема своја историја таа држава нема сигурна иднина.

Македонија низ својата долга и мачна историја поминала многу и се соочила со доста предизвици.

Гоце Делчев како да знаел за денешнината па запишал: “Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот”

Колумна на Жаклина Пешевска.

Најнови вести