недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ: Дали колапсот на железниците во Македонија води кон нов „Бонбона бизнис“ за владата на СДСМ?

Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ: Дали колапсот на железниците во Македонија води кон нов „Бонбона бизнис“ за владата на СДСМ?

Фејсбук страната Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ преку статус прашува „Дали колапсот на железниците во Македонија води кон нов „Бонбона бизнис“ за владата на СДСМ„?

-ДАЛИ КОЛАПСОТ НА ЖЕЛЕЗНИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ВОДИ КОН НОВ “БОНБОНА БИЗНИС“ ЗА ВЛАДАТА НА СДСМ?

Со ребалансот на буџетот за 2019 година, најголемо намалување на средствата за капитални расходи е во делот на железничката инфраструктура. За околу 22 милиони евра се намалуваат средствата кои беа планирани за инвестициски зафати, во делот на железничката инфраструктура.

Владата предлага кратење од 63% на средствата планирани за инвестиции во железничката инфраструктура. На сметка на тоа, се предлага зголемување од 4,6 милиони евра или 66% на средствата за непродуктивни трошоци во делот на субвенции и трансфери. Со ова се покажува дека Владата нема план и интерес за вложување и развој на железниците во Македонија. Се потврдува дека лажни биле ветувањата на Владата во својата програма за нови проекти во железницата.

Да се потсетиме, Владата во својата програма за работа ветуваше:
– Приградски патнички железнички сообраќај,
– Електрифиција на пругата Скопје – Кичево,
– Почетна фаза на изградба на нова пруга од Крива Паланка до Деве Баир (трета фаза на Коридор 8 од Куманово до Република Бугарија),
– Физибилити студија за изградба на железнички крак до Струмица и Република Бугарија,
– Реконструкција на пругата Велес – Битола,
– Изработка на основни проекти и друга потребна техничка документација за изградба и надзор на нова пруга на железнички краци до индустриските зони (крак од железничка станица Миладиновци кон индустриска зона Бунарџик)
– Безбедност во сообраќајот: осигурување на патните премини на коридорот 8 и коридор 10
– Соларни железнички станици – реконструкција и модернизација на железничките станици на Коридорот 10 и 10д.

Ништо од овие ветувања не е реализирано!

Напротив железниците во Република Македонија се доведени до тотален колапс. Ниту проектите кои беа започнати од претходната Влада не се завршени. Сеуште не е завршен започнатиот ремонт на делницата Ногаевци – Градско – Неготино – Вардар, а камоли да се започне со нов проект.
Железниците во Македонија никогаш не биле во полоша состојба. НЕМА никакви нови проекти, НЕМА никакви нови инвестиции и вложувања. НЕМА инвестиции за одржување и ремонт на пругите и возовите. Впрочем со предлогот на овој ребаланс на буџет се потврдува сево ова. Владата воопшто не планира да ја подобрува состојбата на железниците. Всушност, причините за катастрофалната состојба на железниците во Македонија лежат исклучиво во тоталната незаинтересираност и неспособност на оваа Влада за овој многу важен сектор.

Се поставува прашањето: Која е целта на систематското уништување на железниците во Македонија?

Сведоци сме дека во изминатиов период во неколку наврати Владата на СДСМ јавно најави приватизација на железниците во Македонија. Па од таму, се појасно е дека целта на ова систематско уништување е да се ослабне Македонски Железници Транспорт АД, со цел да се обезвредни, да се клекне на колена и да се продаде по смешно ниска цена како “бонбона бизнис“. Легитимно се поставуваат следните прашања:
1. Дали СДСМ по принцип на за нив добро познатиот метод прво ќе ја обезвредни и ќе ја прикаже во лошо светло состојбата на МЖ Транспорт АД, а потоа ќе ја продаде (читај, некој ќе си ја купи) за неверојатно ниска цена?
2. Дали е точно дека на затворена седница на Владата на Р. Македонија веќе е донесена одлука за продажба на Македонски Железници Транспорт АД?
3. Дали Република Македонија ќе стане единствена земја во светот која што ќе нема своја државна железница?
4. Дали Владата на Р. Македонија има направено анализа колку вработени ќе останат без работа со продажбата на Македонски Железници Транспорт АД?
Граѓаните и вработените во МЖ Транспорт АД заслужуваат одговори на овие прашања. Сеуште се свежи сеќавањата од 2005-та година кога над 700 вработени на Македонски Железници останаа на улица без своите работни места, благодарение на лошите политики на тогашната Влада предводена од СДСМ. Лесно е да се продаде, способност е да се оддржува она што го имаш. Но, за жал способноста не е одлика на Владата на СДСМ.
Република Македонија никогаш не била во полоша состојба во делот на железничкиот сектор. Ова уништување мора што поскоро да запре. Со доаѓањето на ВМРО ДПМНЕ на власт ќе се запре процесот на уништување и ќе започне голема обнова на железниците во Р. Македонија.
#Оставка #Предвремениизбори, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Најнови вести