вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ до Царовска: Дали учебникот по македонски јазик се менува поради друга побуда или пари се во прашање?

Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ до Царовска: Дали учебникот по македонски јазик се менува поради друга побуда или пари се во прашање?

Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук прашува дали министерката Царовска го менува учебникот по македонски јазик по 10 годишна употреба поради друга побуда или пари се во прашање?

-Почитувани,
Учебникот по Македонски јазик за петто одделенние се повлекува од употреба по 10-годишно користење во нашата земја. Како причина за тоа се наведуваат присутни грешки што се однесуваат на дискриминацијата, насилство, родова еднаквост и непочитување на македонската стандарднојазична норма.
Непотребно е секој детал да го анализираме, а од примерите кои следат ќе ја сфатите сета иронија на напишаното.
Ако училишната чанта вели дека е фрлана и валкана, а училишната клупа издлабена, тоа е насилие и навлегување во приватноста.
Ако се разговара за пубертет и појава на мозолки на челото и носот, тоа се предрасуди и давање на значење на лошата страна на период од животот.
Ако во песничка се каже дека мајката е главна во кујната, а при тоа има и слика на маж кувар, тоа се родови стереотипии, а ако во лекцијата има само машки или само женски ликови тоа се родови предрасуди и на крај во народна приказна имало психичко насилство.
Почитувана министерке Царовска,
Ве молиме да ги забраните сите народни приказни кои се емитуваат на националните телевизии, затоа што во нив има и физичко и психичко насилство и манипулации и предрасуди и родова нееднаквост и сè друго како причина зошто што овој учебник се повлекува.
Така брзо и лесно ќе се справите со сè што е МАКЕДОНСКО и со целата МАКЕДОНШТИНА.
Имате ли доказ дека токму врз основа на овие примери наставниците не ги учат децата на тоа што е добро, а што лошо, што е родова еднаквост, а што нееднаквост, што е насилие и како да се справат со тоа?
Да не го менувате учебникот од други побуди???
Да не се пари во прашање???

Почитувани,
Учебникот по Македонски јазик за петто одделенние се повлекува од употреба по 10-годишно користење во нашата…

Posted by Комисија за образование и наука на ВМРО – ДПМНЕ on Wednesday, October 28, 2020

Најнови вести