вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ: Инклузија (НЕ)грижа за учениците со посебни образовни потреби

Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ: Инклузија (НЕ)грижа за учениците со посебни образовни потреби

Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ преку фејсбук статус објавува дека по којзнае кој пат се соочуваме со лагите на Владата на Зоран Заев, родителите се разочарани и револтирани, а учениците со посебни образовни потреби оштетени.

-ИНКЛУЗИЈА (НЕ)ГРИЖА ЗА УЧЕНИЦИТЕ СО ПОСЕБНИ ОБРАЗОВНИ ПОТРЕБИ

По којзнае кој пат се соочуваме со лагите на Владата на Зоран Заев, родителите се разочарани и револтирани, а учениците со посебни образовни потреби оштетени.

Се фалат за спроведување на целосна инклузија, а буквално ништо од ветувањата. Класичен пример е тоа дека, учениците матуранти во учебната 2018/2019 година од училиштата ,,Искра“ од Штип и ,,Св. Наум Охридски” од Скопје сѐ уште ги чекаат своите Уверенија – Дипломи за завршено средно образование.
​Замислете учебната година за овие ученици заврши на 10 јуни 2019 година, а матурантите од овие училишта сѐ уште ги чекаат своите Уверенија – Дипломи за завршено средно образование кои поради промената на името не се отпечатени со измена.
​Учениците со посебни образовни потреби не полагаат матура, па со завршувањето на трета година, за нив е завршено средно образование и за тоа добиваат соодветен документ – Уверение. Неколку месеци по завршувањето на своето образование не се во можност да се пријават во Агенцијата за вработување како активни баратели на работа, а трагедијата да биде уште поголема Компаниите кои се регистрирани за вработување на овие лица поради оваа причина не се во можност да вработуваат, иако имаат потреба за проширување на своите капацитети.

​Заклучокот е трагичен, оваа Влада покажа неспособност навреме да отпечати еден образец (Уверение – Диплома) за матурантите од специјалните училишта, а што очекуваме за навремено печатење на учебниците.

Владата на чело со Зоран Заев има полна уста со и за инклузивна реформа во образованието, а практично од овој пример го покажаа спротивното, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Најнови вести