недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ: Очигледно СДСМ не го знае датумот на озаконување на македонскиот правопис

Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ: Очигледно СДСМ не го знае датумот на озаконување на македонскиот правопис

Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ преку реакција до СДСМ истакнуваат дека очигледно нивната комисија не го знае датумот на озаконување на македонскиот правопис.

-Реакција за објава на Комисијата за образование и наука на СДСМ
Датум: 12.5.2020
Комисијата за образование и наука на СДСМ очигледно не го знае датумот на озаконување на македонскиот правопис.
Покрај другото велат: „а по два месеци Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик“.
Јавно ги прашуваме кога е озаконет македонскиот правопис?
Откако помина една недела од Денот на македонската азбука и македонскиот јазик ги оставивме да се коригираат и доволно време да се консултираат за тоа што го напишале. Но, за жал толку од нивната стручност.
Ја користиме оваа можност и добронамерно сакаме да им укажеме:
„Македонскиот правопис, предложен од комисијата за јазик и правопис при Министерството на народната просвета, се приема како официален правопис. Истиот ќе се отпечати во засебни книшки, како издање на Министерството за народната просвета“, се вели во членот 1 од Решението за правописот на македонскиот јазик од 7 јуни 1945 година.
Ако на 5 мај 1945 година е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а правописот е озаконет на 7 јуни 1945 година тогаш дали тоа е период од два месеца?
Па нека пресметаат уште еднаш колку месеци има!
Им порачуваме дека ќе ги потсетиме повторно и на 7 јуни!
Ваквото непознавање на најзначајните факти за македонскиот јазик е застрашувачко од партиска комисија која треба да спроведе реформи во образованието.
Незнаењето на партиската комисија за образование и наука на СДСМ само го докажува и нивното негирање на сѐ она што е македонско!
Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Реакција за објава на Комисијата за образование и наука на СДСМДатум: 12.5.2020Комисијата за образование и наука на…

Gepostet von Комисии на ВМРО-ДПМНЕ am Mittwoch, 13. Mai 2020

 

Најнови вести