понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ и Заев нема ништо од европски принципи за европско образование

Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ и Заев нема ништо од европски принципи за европско образование

Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ денеска сподели статус на својот Фејсбук каде пишува дека со СДСМ и Заев нема ништо од европските принципи за европско образование во нашата држава.

-Со СДСМ и Заев нема ништо од европски принципи за европско образование.
СДСМ ветуваше дека проблемот на учениците кои ја следат наставата на македонски јазик од тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ ќе биде решен.

Уште во 2017 година премиерот Зоран Заев изјави дека се работи за не толку сериозен зафат за доградба на училишната зграда и беше убеден дека проблемот наскоро ќе се надмине, односно дека гимназијата ќе добие надградба и доградба на објектот.
СДСМ и Заев излажаа и не го решија проблемот со недосаток на простор и нормални услови за изведување на наставата.
Кога Министерството за образование и наука и градоначалничката на општина Тетово ќе се зафатат со решавање на овој сериозен проблем?
До кога учениците ќе ја изведуваат наставата во објектот на старото медицинско училиште во субстандардни услови?
Дали за СДСМ и ДУИ едно општество за сите, значи учениците да бидат деградирани, дискриминирани или пак маргинализирани?

Почитувани,
Не е европско образование тоа во кое се скрати од изградба на основни и средни училишта.
Наместо да кратите со ребалансот на буџетот во делот инвестиции во образованието 20 милиони денари помалку за изградба и реконструкција на средни училишта, покажете грижа за учениците и обезбедете средства за гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Најнови вести