вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Комитите со емотивна порака се простуваат од момчето кое вчера почина играјќи фудбал

Комитите со емотивна порака се простуваат од момчето кое вчера почина играјќи фудбал

„Почивај во мир легендо, секогаш ќе останеш во нашите срца. Почивај во мир брате. Секогаш весел и позитивен таков ќе те паметиме”.

Вака денеска Комитите се простуваат со младото момче кое вчера трагично почина на игралиште во скопска Кисела Вода.

Околу 19 часот и 30 минути во Секторот за внатрешни работи Скопје, на игралиштето во населбата „11-ти Октомври“, починало младо момче.

Додека 24-годишниот Драган Крстев од Скопје играл фудбал, му се слошило, по што паднал на игралиштето и починал.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт. Со согласност на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.

Најнови вести