недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Комитската коњаница тргна на пат кон Мечкин Камен, Мицкоски порача дека традицијата е нашето дефинирање (ВИДЕО)

Комитската коњаница тргна на пат кон Мечкин Камен, Мицкоски порача дека традицијата е нашето дефинирање (ВИДЕО)

Коњичкиот марш кој започна во 17 часот од паркот „Јане Сандански“,  ќе заврши на 2 Август во Крушево, каде што коњаниците ќе положат цвеќе на споменикот на Мечкин Камен, со што ќе се одбележи најголемиот македонски национален празник – Илинден.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски испрати јавна поддршка за илинденската коњаница.

„Традицијата е нашето дефинирање. Во чест на светлиот Илинден поддршка за илинденската коњаница. Борбата на илинденците е нашата кауза. Слобода, независност, ВМРО, Македонија“, порача Мицкоски!

Најнови вести