четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Коста Петров во ФИТР снима спотови за 200 илјади евра – дали СДСМ преку државни пари си плаќа партиска кампања?

Коста Петров во ФИТР снима спотови за 200 илјади евра – дали СДСМ преку државни пари си плаќа партиска кампања?

Во описот на работа на директорот на ФИТР не се предвидени надлежности кои од него бараат да креира и учествува во медиумска содржини за промотивни цели.

Вршителот на должност, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој и потпретседател на СДСМ, Коста Петров, последните два месеца снима промотивни видео интервјуа со млади иноватори, кои потоа ги споделува на социјалните мрежи. Тој снима интервјуа во квалитетни сетови, а за маркетинг и продукциски активности Фондот потпишал договор од речиси 200,000 евра со две маркетинг агенции: Бригада Дизајн и Њу Момент.

Директорот на ФИТР, Коста Петров, не гледа ништо спорно во неговиот ангажман како директор во реализацијата на интервјуата со младите иноватори затоа што секој вработен во Фондот има обврска да придонесува за имиџот на институцијата.

Коста Петров објаснува дека целта на правењето на интервјуата, не е да се промовира тој лично како директор, ниту Фондот како институција, која ги потикнува иновативните идеи во земјата, туку самите млади иноватори, кои можат да бидат добар пример за идните генерации.

Ако целта на интервјуата не била првенствено да се промовира работата на Фондот и на директорот преку интервјуата на млади иноватори што добиле државна поддршка за нивните иновативни идеи, тогаш е најасно зошто меѓу првите тројца интервјуирани нема ниту еден иноватор, кој досега бил одбиен да добие помош од Фондот за иновации.

Се поставува прашањето дали на овој начин СДСМ преку државни пари си плаќа партиски кампањи ?

Освен времето на директорот како ресурс за реализацијата на интервјуата, Фондот има поддршка и од две ПР агенции, со кои во септември имаат потпишано рамковна спогодба за една година во вредност од околу 200 илјади евра. Бригада дизајн и Њу момент освен услуги во организирање на јавни настани и рекламирање, треба да испорачуваат и видеопродукција.

Во договорот со маркетинг агенциите пишува и дека тие треба да обезбедат медиумски простор на информативни портали за промотивни активности. Нејасно е дали ова отстапување значи реклама на Фондот или се работи за доброволно отстапување на простор од порталите.

Инаку според член 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се забранува рекламирање во медиуми од државните и јавните институции.

„Државните органи, органите на државната управа, јавните претпријатија, единиците на локалната самоуправа, јавните установи и институции како и правните лица со јавни овластувања и трговските друштва во целосна државна сопственост не смеат да предвидуваат средства за информирање и запознавање на јавноста со свои услуги или активности преку приватни радиодифузери”, предвидува членот на Заканот на АВМУ.

 

Најнови вести