Општина Бутел брка од работа две инвалидизирани лица од работана позиција улични хигиеничари, првото татко на четири дечиња и во социјален ризик, второто бранител од 2001, пишува Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил.
-Двајцата ќе останат без парче леб за семејствата. За возврат се вработуваат 20-сетина нови лица на кои им беше ветено работно место пред изборите, меѓу кои има и локални познати криминалци….бирани без апсолутно никакви критериуми лицата ќе цицаат од парите на граѓаните во Бутел, а паралелно на тоа немаат никакви работни квалитети за што кажува фактот дека не се бирани со никакви критериуми. СДС во Бутел почнува да го плаќа данокот од катастрофалните предизборни ветувања само за да дојде до власт! Заради овој чин и заради продолжените притвори за патриотите ВМРО-ДПМНЕ и дел од коалицијата демонстративно ја напуштија седницата на советот во Бутел, додава Костовски.