петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Квантниот економски скок на Заев нема да се случи, експертите очекуваат прелевање на рецесијата и во оваа година

Квантниот економски скок на Заев нема да се случи, експертите очекуваат прелевање на рецесијата и во оваа година

Премиерот Зоран Заев на заедничка прес-конференција со министерот за финансии Фатмир Бесими, истакна дека оваа година ќе биде во знакот на заживување на економијата и стопанството.

-2021 година е година на вистински предизвик, година на заживување на економијата, година на квантен економски скок за сите граѓани, изјави Заев.

Но, според експертите тоа не е можно. Македонската економија не само што не е во фаза на опоравување, напротив, голема е веројатноста да продолжи рецесијата и во првиот квартал од 2021 година. Постојат повеќе фактори, меѓу кои и доцнењето со процесот на вакциниција со што се одолговлекува рестартот во повеќе услужни дејности.

Исто така, од една страна, петтиот пакет мерки се уште е во најава и далеку од реализација, а од друга потфрлаат клучни сегменти кои треба да донесат стабилизација.

-Загрижуваат некои тенденции кои се случуваа во првиот месец од годинава, меѓутоа и во некои најави на намалување на нарачките во автомобилската индустрија, во текстилната индустрија, проблемите со почетокот на вакцинацијата, односно здравствената криза која се уште влијае врз услужните дејности вклучувајќи го и угостителството, вели универзитетскиот професор Дарко Лазаров.

Според него, првиот квартал од 2021-ва година нема да не изненади доколку биде и со негативен раст, што е далеку од она што го очекува Министерството за финансии.

Македонија и годинава планира да издаде еврообврзница за да ја покрие дупката во буџетот и да ги врати долговите што ќе стасаат за плаќање. Според проекциите на буџетот, државата ќе се задолжи нови милијарда и 250 милиони евра. Нето задолжувањето ќе биде 530 милиони, а со останатите пари ќе се враќаат стари долгови.

Најнови вести