По интервенција на противпожарните возила е локализиран пожарот што утрово избувнал од стан на улицата Даме Груев, позади Собрание.
Неофицијално, станар сам си со запалил станот а станарите од зградата за „Макфакс“ изјавија дека подолго време имале проблем со тој станар и неделава неколкупати го пријавувале. Станарот на опожарениот стан е изнесен и моментно се наоѓа во полициска станица, а еден пожарникар побарал медицинска помош.
Еден од станарите на петтиот кат се жали дека од чадот не може да излезе со неговата сопруга и дека не го евакуирале.
Пред зградата имаше три противпожарни, две медицински возила и полиција, пишува Макфакс.
Останатите станови не се зафатени од пожарот а во ходниците имало чад и станарите излегле надвор. Во склоп на зградата има банки, но и други локали, кои не се опожарени и немаат штета.