Намалена видливост од 150 до 200 метри поради магла утринава има на патниот правец Струмица – граничен премин Ново Село, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.
На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива суви коловози, а на повисоките и осојничави места наместа коловозите се влажни.
Надвор од градските средини интензитетот на сообраќајот е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.