среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Македонија е се подалеку од датум за преговори: Ветувањата на Заев се срушија како кула од карти, паднавме во “новото дно“

Македонија е се подалеку од датум за преговори: Ветувањата на Заев се срушија како кула од карти, паднавме во “новото дно“

Еден од основните столбови на кои Зоран Заев и СДСМ ја темелат секоја изборна кампања се ветувањата дека Македонија ќе стане дел од Европската Унија. Додека да ги примамат граѓаните да гласаат за нив, даваат нереални прогнози, прават остри чекори на штета на Македонија додека ја оддалечуваат државата од европскиот пат.

На Македонија и на македонскиот народ власта на чело со Заев и неговите најблиски луѓе го зададе најболниот удар  со целосен обид за обезличување на се што треба да ни е свето. Се тргуваше со името кое го сменија, се тргува со националните вредности, се витка кичмата пред сите кои тоа го бараат од нас. Што се промени? НИШТО! Само лажните ветувања на Заев се срушија како кула од карти.

Но, македонскиот премиер не прифаќа одговорност, не собра храброст да ги погледне луѓето во очи и да им каже дека патот по кој тој ја води Македонија не води до вратите на ЕУ туку до најголема изолираност која нашата држава ја има во европски рамки.

Зоран Заев е на власт во Македонија цели 5 години. Тоа е и повеќе од доволен период да сработи нешто корисно, но тој одлучи да “удира“ по Македонија наместо да ја издигнува и заштитува. Кога самиот се соочи со фактот дека повеќе не може да сокрие дека ветувал лаги, наместо да се извини и да признае пораз – тој смислуваше нови лаги и нови датуми доведувајќи го македонскиот народ до заблуди.

Со широки насмевки тој и неговите блиски соработници се сликаа во авион прославувајќи датум за датум кој никогаш не се случи.

Македонија само уназадува на секое поле. Граѓаните никогаш не живееле посиромашно. Низата поскапувања се судрија со ниските примања. Македонија доживува порази на најголем дел од извештаите каде сме на негативниот врв. Меѓународните институции ја пласираат нашата држава како земја која е меѓу најкорумпираните, со лоша економија и без слобода на новинарството, лидери по смртност од коронавирус. Заев си ја вика “Северна“ и се гордее со чекорот кој го постигнал, со ударот кој силно падна на грбот на цела историја, сегашност и иднина.

Прво пречка ни беше Грција, па Бугарија, соседните земји со кои Заев се однесуваше како трговец и им даде се што побараа, им потпиша се што посакаа.

Вчера КУРИР објави анализа дека проблемите на Македонија не завршуваат со решавање меѓу соседите.

КУРИР ДОЗНАВА: Две земји членки на ЕУ барале земјава на неодредено време да ја одложи интеграцијата

Во месец јуни годинава, дописничка на МИА јави дека Македонија останува без преговарачката рамка во Луксембург по завршената дискусија во Советот за општи работи. Повеќе министри од ЕУ држави упатија поддршка за Скопје и Тирана пред почетокот на состанокот и побараа да не се блокираат двете држави поради постигнатиот реформски напредок, но според дипломатски извори од ЕУ, Бугарија одбила да попушти пред министрите.

МИА пренесе дека дебатата за проширувањето на министерскиот состанок во Луксембург била прилично интензивна, посебно во однос на Македонија и бугарската блокада.

Бугарската страна меѓутоа и натаму одбивала да попушти и покрај предупредувањата на земјите членки на ЕУ дека со оваа блокада „ЕУ си пука сама себе во нога“.

Се поизвесно е дека Македонија нема да добие датум за преговори во скоро време.

КУРИР од блиски извори дознава дека како можна година за датум за преговори е всушност 2030 година. На ова изреагирале две земји членки на Европската Унија кои побарале одложување на неодредено време. Според нашите извори овие две земји членки се многу влијателни.

Унијата во посебна точка го наведува признавањето на напредокот на регионот, како и тоа дека го одржува развојот кој обезбедува капацитет за интегрирање нови членки.

Ние дополнително ќе го интензивираме нашиот заеднички ангажман за да ја продолжиме политичката, економската и социјалната трансформација на регионот, истовремено признавајќи го напредокот постигнат од западен Балкан. Исто така, потсетуваме на важноста што ЕУ може да го одржи и да го продлабочи сопствениот развој, обезбедувајќи го нејзиниот капацитет за интегрирање на нови членки“, се наведува во драфт верзијата на Декларацијатa која на увид ја имале повеќе медиуми во регионот.

Песимизмот кај земјите од регионот трае подолго време, како поради внатрешните проблеми кај нив самите, така и поради проблемите со кои се среќава самата Унија. Сигналот беше даден минатата седмица, кога европски дипломатски извори за агенцијата Reuters брифираа дека застојот околу декларацијата за самитот на лидерите на ЕУ и западен Балкан е „новото дно“ во стратегијата на Брисел да ги внесе Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија, Косово и БиХ во блокот.

Меѓутоа, колку во прашање и да се нерешените прашања во ЕУ и нејзиното преструктурирање, јасно е дека и самите земји претенденти за членството во многу придонесуваат за таквиот однос на Брисел кој регионот. Кога станува збор за Македонија, која прва од регионот, вклучително и пред некои сегашни членки – Хрватска, Бугарија и Романија, во 2001-та го отпочна првиот чекор за приклучување, стагнирањето во развојот на демократијата, како и на економски план, особено последните пет години, секако придонесува за недобивањето датум за преговорите.

 

Најнови вести