понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Манојловски: Наводите дека е намален криминалот не одат на прилог на тоа што го говори Спасовски

Манојловски: Наводите дека е намален криминалот не одат на прилог на тоа што го говори Спасовски

На денешната интерпелација за министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Горан Манојловски го демантираше Спасовски за изјавата која му била дадена 2018-та дека во Тетово немало повеќе криминал.

– Стапката на криминалот зависи од многу чинители меѓу коишто е и работата на министерството за внатрешни работи, односно дали тие случаи се регистрирани  јавно кажани или не, истакна Манојловски.

Тој потенцираше дека министерот Спасовски во една изјава кажал дека сите случаи јавно се кажуваат и се објавуваа во билтенот и затоа перцепцијата е дека дека криминалот  порасна.

Пратеникот Манојловски посочи три случии за криминал во Тетово. Имено станува за збор за случајот од 30 декември 2018 година пришто за упад во просториите на тетовската гимназија, но се уште нема никаков извештај за овој случај. Вториот случај за кој зборуваше Манојловски е случајот каде ученик е избоден во  училишен двор во Тетово. Тој додаде дека за овој случај министерот Спасовски го демантирал случајот.

Последниот случај е пукањето во центарот во Тетово.

-Наводите дека е намален криминалот не одат на прилог на тоа што го говори Спасовски, порача Манојловски.

Најнови вести