среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мемети: Прекршен е законот со приведувањето на пратениците, Спасовски да преземе сè за да се разреши овој случај

-Народниот правобранител по превземените дјствија констатира дека при приведување на пратениците и нивно лишување од слобода 28.11.2017 година е повредено правото на пратенички имунитет утврден со член 64 од уставон на Р.М и членовите 53-59 од деловникот на собранието на начин што полициските службеници не се придржувале од правните процедури за приведување определени со член 19 од правилникот за начинот на вршење на полициски работи, стои во известувањето.
Мемети: Прекршен е законот со приведувањето на пратениците, Спасовски да преземе сè за да се разреши овој случај

Народниот правобранител Иџет Мемети отворил постапка за случајот со приведувањето на пратениците од ВМРО- ДПМНЕ, Крсто Мукоски, Жаклина Пешевска и Љубен Арнаудов, поради тоа што полицијата ги уапсила и ги спровела со лисици на рацете до Кривичниот суд, иако тие се повикале на пратеничкиот имунитет.

Мемети очекува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, да преземе сѐ за да се разреши овој случај во дисциплинска постапка и ако ја има – по командна одговорност.

-Народниот правобранител со должно внимание и сериозност ги разгледа изнесените наводи во претставката, во која изразувате незадоволство спрема судот, обвинителството и полицијата поради пречекорување на нивните овластувања при присилното приведување на пратениците на 28.11.2017 година од страна на полицијата, се вели во известувањето на народниот правобранител испратено до пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Со цел испитување на наводите, а заради утврдување на фактичката состојба и расветлување на настанот, согласно одредбата на членот 24 од законот за народниот правобранител, Народниот правобранител од Министерството за внатрешни работи побарал објаснувања, информации и докази за постапувањето на полциските службеници при приведувањето на пратениците на 28.11.2017 година, а особено:

  • Дали приведувањето е извршено врз онсова на судска наредба определена со членот 157 од Законот за кривична постапка.
  • Дали при приведувањето на полициските службеници им биле познати одредбите за пратеничкиот имунитет, а особено одредбата на членот 19 од правилникот за вршење на полцииски работи.
  • Дали при преземањето на дејствијата за приведување е извршен и претрес во домовите на пратениците односно дали претресот е извршен согласно одредбите од член 181 до 204 на законот за кривична постапка.

Народниот правобранител покрај бараните објаснувања информации и докази побарал од МВР доставување на примероци од сите акти поврзани со овој настан, а осовено: наредби за приведување, службени белешки и запосници за извршени претреси во домовите или претрес на лице, записи за утврдување на идентитетот на приведеното лице, потврди за времено одземени предмети и друго.

-Едновремено истражувајќи го случајот претставници на Народниот правобранител извршија посета на притворените лица во затворот Скопје. Остварија увид во документацијата и разговор со притворените и службените лица во затворот. Во текот на разговорот притворените лица Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов известија дека при нивното приведување и лишување од слобода на 28.11.2017 година се повикале на пратенички имунитет покажувајки ја пратеничката легитимација но приведувањето и покрај тоа продолжило, односно по полициските дејствија истите со лисици на рацете биле спроведени во Основен суд Скопје 1 Скопје. Постапувајќи по барање на Народниот правобранител МВР со допис известување го извести Народниот правобранител за превземените мерки и применетите полициски овластувања од страна на полициските службеници на СВР Охрид и СВР Скопје констатирајки дека целокупната постапка за вршење претрес, приведување и спровод на пратениците е извршено согласно одредбите од законот за кривичната постапка, а врз основа на предходно издадени наредби од судија на предходна постапка при Основен суд Скопје 1 Скопје, се вели во известувањето на народиот правобранител.

Народниот правобранител по разгледување на целокупната документација констатира дека полициските службеници извршиле претрес во домовите на пратениците Жаклина Пешевска, Крсте Мукоски и Љубен Арнаудов врз основа на наредби за претрес на дом издадени од Основниот суд Скопје 1 Скопје одделение за организиран криминал и корупција, а по барање за издавање наредба за претрес на дом поднесена од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција. Понатаму постапувајќи по наредба за нивно приведување издадено од судија на предходна постапка од 27.11.2017 година, а по предлог за определување мерка притвор поднесен од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, полициските службеници од правосудната полција – МВР на РМ извршиле нивно приведување на 28.11.2017 година при што врз осомничените Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов биле употребувани средства за врзување – лисици.

-Народниот правобранител по превземените дјствија констатира дека при приведување на пратениците и нивно лишување од слобода 28.11.2017 година е повредено правото на пратенички имунитет утврден со член 64 од уставон на Р.М и членовите 53-59 од деловникот на собранието на начин што полициските службеници не се придржувале од правните процедури за приведување определени со член 19 од правилникот за начинот на вршење на полициски работи, стои во известувањето.

За Народниот правобранител неспорна е констатацијата дека во случајот е постапено спротивно на член 19 од правилникот според кој ако лицето кое се приведува се повика на статус кој му дава имунитет полицискиот службеник по проверка на веродостојноста на исправите со кој се докажува таквиот статус ќе го прекине приведувањето и за тоа веднаш ќе го извести непосредниот раководен полициски службеник.

-Според став 4 од истиот член во случај кога не му е одземен имунитетот и покрај писмената наредба за негово приведување истото нема да се изврши, а надлежниот суд ќе се извести од страна на полицискиот службеник за причините поради кои не е постапено по наредбата. За Народниот правобранител горенаведената констатација е недвосмислена при што го имаше предвид исклучокот од член 19 став 2 од овој правилник според кој приведувањето нема да се прекине ако лицето е затекнато во извршување на кривичното дело за кое е предвидено казна затвор во трање од најмалку 5 години, состојба за која не станува збор во конкретните случаи, се вели во дописот.

Од тука со приведување на пратеници кои уживаат имунитет Ксто Мукоски, Љубен Арнаудов и Жаклина Пешевска не е испочитувана ниту една одредба од страна на полицијата и тоа правото на пратенички имунитет, на челото на пресункција на невиност и пратениците со лисици на рацете се приведени во судот каде што по подолг престој се пуштени, а мерката притвор им е изречена по неколку дена одкако во Собранието на Р. М се олдучи за одземање на пратеничкиот имунитет.

-Со оглед на ваквата состојба, а притоа имајки ги предвид надлежностите на народниот правобранител Ве известуваме дека за констатираната повреда на правото на пратенички имунитет и постапување спротивно на правилникот за начинот на вршење на полициски работи во кои детално е пропишана процедурата за постапување при примена на полициски овластувања Народниот правобранител ќе ја информира јавноста. Едновремено народниот правобранител од министерот за внатрешни работи достави препорака согласно надлежностите да спроведе целосна постапка за испитување на постапувањето на полциските службеници на 28.11.2017 година и за утврдената одговорност да се санкционираат прекршителите на правата, смета народниот правобранител.

Покрај наведеното Народниот правобранител почитувајќи ја независноста и самостојноста на судската власта апелира до судовите при носење на судски одлуки да се почитува правото на имунитет од причина што не е прв пат со судски наредби да се врши повреда на ова право.

-Во тој контекст апелира да се води сметка за евентуално постоње на имунитет (пратенички, конзуларен) на осомничено/и лице/лица со што ќе се превенира постапување спротивно на закон или подзаконски акт, а со тоа ќе се зацврсти заложбата за враќање на довербата во владеење на правото и правната сигурност на граѓаните. Известувајки ве за горенаведеното ве информираме дека Народниот правобранител согласно надлежностите го завршува постапувањето по вашата преставка со напомена дека и понатаму ќе продолжи да ја следи состојбата и остварувањето на правата на притворените лица во казнено поправна установа за што има отворено поединечни предмети и согласно надлежностите ќе преземеме мерки за нивна целосна и соодветна заштита, се заклучува во известувањето на Мемети испратено до пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести