Македонија мора да оди напред. Корупцијата, политичките притисоци, политичката одмазда мора да стане минато, изјави новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по неговиот избор.
-Македонија мора да има брз и ефикасен правосуден систем, а не уценет и зависен каков што е сега. Правичноста е најбитна. Судиите наместо да бидат мета на политички притисоци, треба да бидат почитувани и добро финансиски стимулирани за да може да се отпорни на обиди за корупција. Оние кои ја делат правдата мора да бидат независни и непристрасни. Граѓанинот треба да има достап до правдата брзо и ефикасно, без огормни трошоци, без бирократија, а полицијата професионална и почитувана. Мора да растат платите на граѓаите, клучот е во развојот на економијата, рече Мицкоски.
Во надворешната политика планот 369 на актуелната влада нема резултат, рече тој, нема реални подобрувања во ниту една сфера од клучните области. Со секој залудно изгубен ден ЕУ станува се подалечна цел.
-Младите ја губат перспективата, додека нивните врсници од другите европски земји уживаат во придобивките на Лувр, римскиот колосеум, Нотр Дам, солидната германска економија, англиското претприемништво, и перспективата која тие ја нудат. Членството во Европската Унија започна да се користи како протоколарна цел која се споменува на здодевни состаноци на кои мора да се разговара оваа тема, но без суштински заклучоци, и без поента за одење напред. Се прикажува како пат за месечината, тука е може да се види, но не и да се почуствува. Затоа е потребен е реален напредок, потребно е реално решавање на проблемите, носење на закони по пат на дијалог кои реално ќе ги подобрат условите за живот и ќе ги скратат бирократските процедури. Закони кој се за општото добро, а не да се задоволат нечии политички апетити. Единствениот пат на државата е патот кон Европсата Унија и НАТО. Но притоа потреби се забрзани и реални чекори напред преку суштинско подобрување на сферите, а не само розеви очила, но груба реалност. Македонија мора да стане земја членка на Европската унија и Нато алијансата но потребна е реална волја, структурни и реални реформи, преку професионални кадри кои ќе го подобрат живеењето на граѓаните. Македонија угледна во меѓународната политика, да се градат мостови, базирано на тоа што е вистинска вредност за оваа држава. Мојата визија е ДРЖАВА НА НАРОДОТ, ЗА НАРОДОТ – ОТВОРЕНА И РАМНОПРАВНА, СИЛНА И ПРОСПЕРИТЕТНА. Македонија тоа го може, рече Мицкоски.