четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Не сум вршел притисок врз делегатите (ВИДЕО)

Мицкоски додаде дека ги почитува членовите на партијата кои иницираа одложување на конгресот и формирање на колективно претседателство и рече дека ги смета за искусни политичари, чии капацитети можат да се искористат
Мицкоски: Не сум вршел притисок врз делегатите (ВИДЕО)

Единствениот кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли обвинувањата дека вршел притисок врз делегатите. Тврди дека водел позитивна кампања и дека неговите поддржувачи ја презентирале неговата програма на легален и легитимен начин според статутот на партијата.

-Во моментов продолжуваме со тековните активности што се поврзани со конгресот, очекуваме успешен конгрес и очекуваме да се одбере нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ, така да партијата што побрзо да се реконструира и да застане на нозе како и ВМРО-ДПМНЕ што побрзо да се врати на власт. Сите што ме познаваат како човек и како политичар, знаат дека тоа не е точно, не сум вршел притисок врз некого. Ова беше една трка во која секој од кандидатите и секој оној кој што беше заинтересиран можеше да биде дел од истата. Јас целата оваа трка ја водев демократски и беспрекорно со свој тим на поддржувачи кои ја промовираа мојата програма и како јас го гледам ВМРО-ДПМНЕ во иднина, така што се надевам дека ќе ги убедам делегатите и ќе бидам иден претседател на ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше Христијан Мицкоски.

Тој додава дека партијата е единствена и таква и ќе остане.

Мицкоски додаде дека ги почитува членовите на партијата кои иницираа одложување на конгресот и формирање на колективно претседателство и рече дека ги смета за искусни политичари, чии капацитети можат да се искористат. Не ја отфрла можноста дел од нив да ги задржи во раководството, доколку биде избран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето дали стравува од можни фракции во партијата, како резултат на незадоволство ако тој застане на чело на партијата, вели дека ВМРО-ДПМНЕ била и ќе остане обединета.

Најнови вести