Со 376 гласови „За“, Христијан Мицкоски на конгресот во Валандово денеска беше избран за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ. До пред конгресот Мицковски ја обавуваше функцијата генерален секретар на партијата, на која 30 јули годинава.
За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ тој беше претседател на Управниот одбор и генерален директор на АД ЕЛЕМ и професор на Машинскиот факултет при УКИМ. Роден е во Скопје во 1977 година, семеен човек, татко на две малолетни деца, доктор по технички науки. Мицкоски е најдобар дипломиран студент на Машинскиот факултет Скопје за 2001 година.
Лични податоци:
Име и презиме: Христијан Мицкоски
Националност: Mакедонец
Дата на раѓање: 29.09.1977
Брачен статус: Оженет, татко на две деца.
- 2016 Претседател на управен одбор и Генерален Директор на АД ЕЛЕМ
- 2017 Советник на Претседателот на Владата на Република Македонија
Работно место (енергетика) - 2014 Вонреден Професор на Машински факултет, Скопје
- 2009 – 2014 Доцент на Машински факултет, Скопје
- 2004 – 2009 Асистент на Машински факултет, Скопје
- 2002 – 2004 Помлад асистент на Машински факултет, Скопје
- 2001 – 2002 Главен и одговорен проектант на термотехнички инсталаци
Образование:
Име на образовната институција: Машински факултет, Скопје, Македонија
Наслов на темата: Управување на манипулациони роботи со примена на fuzzy логика
Титула/степен на образование: Доктор по технички науки-машинство
Име на образовната институција: Машински факултет, Скопје, Македонија
Наслов на темата: Оптимизациона синтеза на лостови механизми
Титула/степен на образование: Магистар по машински науки
Дополнителни активности:
- Претседател на кадрова комисија на ВМРО-ДПМНЕ од 04.2017
- Дел од Републички изборен штаб на изборите 2011,
- Дел од Републички изборен штаб ИЕ4 на изборите 2008, 2014, 2016
- Ко претседател на комисијата за енергетика во период 2010-2012
- Член на конгрес 2003 кога за претседател е избран Никола Груевски и член на конгрес 2015
Мицкоски е млад, перспективен кадар на партијата. Неговото досегашно богато работно искуство е надополнето со преку 100 научни трудови, а добитник е и на повеќе меѓународни награди и признанија за иновации. Партиципирал во изработка на редица меѓународни развојни проекти од областа на енергетиката и мехатрониката.
За стручноста и капацитетите на новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ говори и фактот што АД ЕЛЕМ во соопштение во минатата година напиша „’Електрани на Македонија’ може да има само придобивки од искористувањето на стручениот, професионалниот и меѓународно признат капацитет на Христијан Мицкоски кој ќе ја продолжи и унапреди развојната политика на компанијата.
Учествувал во изработка на редица меѓународни проекти од областа на енергетиката и мехатрониката, а во 2001 година е избран за најдобар дипломиран студент на Машинскиот факултет во Скопје. Неговата академска надградба продолжила на универзитети во Германија и Италија каде магистрирал и докторирал, а реализирал и неколку студиски престои во Италија, Австрија и Германија. Оттука, „Електрани на Македонија“ може да има само придобивки од искористувањето на неговиот стручен, професионален и меѓународно признат капацитет кој ќе ја продолжи и унапреди развојната политика на компанијата.
Мицкоски од 2015 година до крајот на мандатот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ беше Советник за енергетика на претседателот на Владата, во моментов е вонреден професор на Машинскиот факултет во Скопје, а во 2011. година, Мицкоски бил и визитинг професор на Техничкиот универзитет во Виена.
Новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ има и големо партиско искуство: тој во април годинава беше избран за претседател на Кадровската комисија на ВМРО-ДПМНЕ, а член на Комисијата е од јули минатата година, беше дел и од Републичкиот изборен штаб на изборите во 2011. година, а претходно и од Регионалниот изборен штаб на Изборната единица 4, на изборите во 2008, 2014 и 2016 година.
Мицкоски беше и ко-претседател на Комисијата за енергетика во периодот од 2010 до 2012 година.