петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски во Подареш: Народот сака да си ја врати државата

Мицкоски во Подареш: Народот сака да си ја врати државата

-Средбата со граѓани и партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ во Подареш ја почнавме со реченицата на Јован кој ми кажа: мене ми треба држава, народот сака да си ја врати државата. Благоја, човек во години, кој седеше до него додаде, како тргнале да разграбуваат овие од власта дали воопшто ќе си ја сочуваме, владее само сиромаштија. Го разбирам неспокојството на граѓаните, тие подобро од сите чувствуваат дека имаме работа со киднапирана држава.

Им одговорив, тоа од сите нас зависи, тоа е борбата на ВМРО-ДПМНЕ, за достоинствен живот, со повисок стандард, земја на горди и среќни граѓани, кои веруваат во својата земја и во кој центарот на вниманието е токму народот на оваа земја. За да се оствари тоа потребно е да се порази СДСМ и Заев, и за тоа е потребна поддршката од секој човек, секоја индивидуа која се согласува со нашите принципи и вредности, и која се спротивставува на неправдите и хаосот кој сега ги продуцира власта.

Ќе помине време и јас сум длабоко убеден дека сето она што сега го прават луѓето предводени од Зоран Заев еден ден длабоко ќе се кајаат, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.

Најнови вести