среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Министерката Мила Царовска им ја скрои капата на Ахмети и Заев

Министерката Мила Царовска им ја скрои капата на Ахмети и Заев

Социјалци, невработени, работници и работнички, пензионери и пензионерки. Ова е цела армија народ кој потпаѓа под ресорот труд и социјала кој го раководи министерката Царовска.

Граѓаните имаа големи очекувања, но од реформите ни трага ни глас – коментираат граѓани.

-Ќе ни дадеа 12 илјади социјална парична помош, ништо од тоа- изјавува 37 скопјанка мајка на две деца.

– Пензијата ми е намалена за 600 денари- револтирана е 65 годишна пензионерка

-Работам во кожарска индустрија и пријавена сум на минималец. Плата ја враќам назад во плико кај работодавецот- потврдува 28 годишна вработена.

Експертите по социјална политика уверуваат дека владејачката гарнитура, единствено ги фузира социјалните права во едно право наречено минимален гарантиран приход.

– Далеку од умот е дека 300 отсто ќе ја зголемеле социјалната парична помош, ама Царовска му ја продаде ефтино оваа приказна на Заев, ранливите останаа на маргините, а казната ги стигна на изборите – велат од опозициската ВМРО ДПМНЕ.

Очекувано беше гласачкото тело на Ахмети да апстинира на претседателските избори од минатата недела. Незадоволството кај албанската етничка заедница расте, особено по обелоденувањето на наводниот скандал во Фондот за пензиско од страна на министерката Царовска, каде директоруваа кадри на ДУИ.

Ахмети и тогаш предупредуваше дека висока е политичката цена која ќе треба да ја плати на избори и прстот го впери кон Царовска. Тоа и навистина се случи.

Премиерот Зоран Заев деновиве ја актуелизираше метлата кај сопствените функционери која треба да се случи пред почетокот на летото, додека првиот човек на тронот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски му порача дека чистката треба да започне токму од него.

Најнови вести