среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски: Договорот со Грција е национална катастрофа, е штетен и буквално се погазува се што е национално

Мисајловски: Договорот со Грција е национална катастрофа, е штетен и буквално се погазува се што е национално

Договорот со Грција според мене е национална катастрофа и е штетен и буквално се погазува се што е национално и се она што сите политичари овие 27 години се обидувале да го договорат, односно разговарале за тие проблеми и сега имаме еден друг случај се потпишува се што е фрлено на маса и Македонија ги губи сите позиции, ова вечерва во своето гостување на телевизија 24 го потенцираше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

-Целта ако овој договор да се потпише, односно е потпишан на било кој начин без да се разговара со опозицијата, без да знае претседателот што се се преговара иако претходно се знаеше дека сите партии се против „Ерга омнес“, сега веќе можеме да видиме дека сега веќе е потпишано, вели Мисајловски.

Тој го прашува потпретседателот на СДСМ што точно ќе биде прашањето, што граѓаните ќе треба да заокружат на овој референдум?

-Дали ќе излезе ВМРО-ДПМНЕ на референдум или не зависи токму од ова прашање и дали граѓаните ќе се чувствуваат комотно и удобно од овој референдум и дали ќе имаме демократски референдум. Во минатото видовме што се случуваше за време на изборите, јас како директен учесник во локалните избори знам многу добро што се случуваше. Граѓаните треба да се произнесат и тоа е демократско право, но исто така демократско право е и да не се излезе доколку некој граѓанин го смета тоа. Ние како партија ќе се произнесеме јасно и гласно и тоа ќе го направиме кога ќе ги добиеме целосно информациите од Владата, односно од СДСМ, истакнува Мисајловски.

Тој додава и дека Заев наместо на македонските граѓани, тој на грчките им објаснил што подготвуваат за референдумот.

Најнови вести