По денешното обраќање на претседателот Ѓорге Иванов во Собранието на Република Македонија пратеникот од владеjачката СДСМ, Мухамед Зекири, на социјалните мрежи напиша „Што и да се каже е излишно. Фикусот остана фикус“.
Според Зекири, Иванов е најголемиот загадувач во Македонија.
Иванов од собраниската говороница остро го искритикува Законот за употреба на јазиците, за кој рече дека излегува од рамките на Уставот и со истиот се нарушува унитарноста на државата. Иванов повика на помирување меѓу власта и опозицијата.
Во контекстот на медиумите, Иванов кажа дека освен животната средина, загаден е и јавниот медиумски простор.