недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МВР: 158 санкционирани возачи во Кисела Вода и Сопиште

МВР: 158 санкционирани возачи во Кисела Вода и Сопиште

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-На териториите на Кисела Вода и Сопиште изречени се вкупно 158 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18, 19 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 14 мерки за користење мобилен телефон, 20 санкции за некористење сигурносен појас, 18 мерки за минување на затворен сигнал(црвено светло) и 4 мерки за возење под дејство на алкохол. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.

Најнови вести