петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МВР: 172 санкции за брзо возење

МВР: 172 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (27.10.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 172 возачи.

Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 89 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 83 надвор од населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Најнови вести