недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МВР: 176 санкционирани возачи во Карпош

МВР: 176 санкционирани возачи во Карпош

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-На територијата на Карпош изречени се вкупно 176 мерки, меѓу кои 24 за возење без возачка дозвола, 15 за нерегистрирани возила, 6 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.

Најнови вести